Се враќа во продажба иконичниот Нокиа 3310 телефон

Нокиа 3310, најпродаваниот модел на финската компанија која престана да произведува нови мобилни телефони, е најпознат по истрајноста, квалитетот и долгиот живот на батеријата. Иако беше најпрво пуштен во продажба на почетокот на новиот милениум, сега прави „голем камбек“.

Од компанијата објавија дека нова серија од оригиналниот модел ќе се продава повторно, по цена од околу 60 евра.

Нокиа 3310 веројатно ќе служи како втор телеон за оние кои го паметат лансирањето во 2000 година, а ќе биде пуштен во продажба на Светскиот конгерс за мобилни кон крајот на овој месец, според Еван Блас од VentureBeat, кој прв ги обави деталите за продажбата.

Се уште нема детали за тоа дали новиот Нокиа 3310 ќе има нов изглед, ниту пак дали ќе биде осовремен или ажуриран со нови функции, но доколку остане автентичен како оригиналот, ќе можеме да ги очекуваме иконичните игри Snake II и Space Impact, како и ретро 8-битните мелодии.

Од компанијата најавуваат дека прво ќе го пласираат производот на европскиот пазар, а дистрибуцијата до другите земји не е позната.