Се собираат средства за означување на планинарска патека на Водно

Здружението SWTA Македонија и Младинскиот совет при Американската Амбасада во Скопје најавија проект со кој се планира да се обележи планинарската патека од Пржино до Милениумскиот крст преку Марково крувче на планината Водно.

Се собираат средства за означување на планинарска патека на Водно

YANA (You are not alone) е иницијатива формирана од SWTA Македонија и Младинскиот совет при Американската Амбасада во Скопје, која има за цел да го поттикне волонтеризмот во Македонија, но и да поттикнува придонес кон општеството во кое живееме. За таа цел, на 14ти септември, YANA ќе го одбележи 9/11 денот на сеќавање и служба.

За да се реши проблемот со неозначените патеки на Водно, YANA ја спроведува оваа кампања за да собере парични средства со кои ќе се купат потребните материјали за означување на патеката.

Во целиот проект се вклучува и Федерацијата на планинарски спортови и Град Скопје кои ќе ги обезбедат потребните дозволи за проектот и ќе дадат целосна подршка во спроведувањето на акцијата.

Повеќе информации за иницијативата се достапни на следниот линк.

Извор: letsfundit.mk