Се појави првична листа од песните за „Trainspotting 2″

Листа со песни за продолжението на култниот филм „Trainspotting“ почна да се споделува на социјалните мрежи, иако се уште не е официјално потврдена.

Откако беше објавен првиот трејлер, видеото откри дека во филмот е искористена песната „Silk“ на Волф Алис. Сега, целата листа се споделува откако наводно протекла на Амазон.

Доколку е точна, „Lust For Life“ на Иги Поп од првиот филм е преработена во понова верзија од The Prodigy, исто така, обновена верзија доби и „Born Slippy“ на Underwolrd.

Покрај нив, на листата се најдоа и Frankie Goes To Hollywood, Blondie, Queen, Run DMC и The Clash, како и претходно најавените Wolf Alice, Fat White Family и Young Fathers .

Во продолжение, листата која протече на интернет:

1. ‘Lust For Life’ – Iggy Pop (The Prodigy Remix)
2. ‘Shotgun Mouthwash’ – High Contrast
3. ‘Silk’ – Wolf Alice
4. ‘Get Up’ – Young Fathers
5. ‘Relax’ – Frankie Goes To Hollywood
6. ‘Eventually But (Spud’s letter to Gail)’ – Underworld, Ewen Bremner
7. ‘Only God Knows’ – Young Fathers
8. ‘Dad’s Best Friend’ – The Rubberbandits
9. ‘Dreaming’ – Blondie
10. ‘Radio Ga Ga’ – Queen
11. ‘It’s Like That’ – RUN-DMC, Jason Nevins
12. ‘(White Man) In Hammersmith Palais’ – The Clash
13. ‘Rain Or Shine’ – Young Fathers
14. ‘Whitest Boy On The Beach’ – Fat White Family
15. ‘Slow Slippy’ – Underworld

//