Се подготвува новиот филм на Антонио Митриќески – „Деца на сонцето“

На 20-ти мај почнува снимањето наСе подготвува новиот филм на Антонио Митриќески - „Деца на сонцето“ долгометражниот македонски игран филм „Децата на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески, а според сценарио на еден од најпочитуваните балкански писатели Гордан Михиќ, инаку автор на култните  „Среќна нова 49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка, бел мачор“, „Заборавени“ и „Туѓа Америка“.

Ова е трет игран филм на Митриќески, по „Преку езерото“ во 1997 и „Како лош сон“ во 2003 година. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, кој соработуваше со Митриќески на филмот „Како лош сон“. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе се појави во епизодна улога.

Главната машка улога му е доделена на младиот актер Кире Ѓоревски, кој се има образувано во Бугарија, каде живее и работи како драмски актер, пантомимичар и танчер. За женската главна улога, филмскиот тим е во преговори со млада актерка од Македонија или од странство.

Режисерот е во преговори со уште неколку големи домашни и странски актерски ѕвезди, чии имиња се уште не се објавуваат. Филмот ќе се снима 36 дена. Се работи за копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот фонд на Македонија, а другите држави влегуваат во овој проект како малцински. Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај Преспанското езеро, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти.

Извор: Нова ТВ