Се отвора музеј во станот на Jimi Hendrix во Лондон

Станот кој го поседувал рок-легендата Jimi Hendrix во Лондон утре (среда, 10 февруари) ќе биде отворен како музеј. Hendrix живеел во станот една година (1968-1969), а тој се наоѓа на улицата Брук, веднаш до некогашниот дом на композиторот George Frideric Handel.

Влез во новоотворениот музеј ќе чини 7.5 фунти, а во него, според информациите, ќе се најдат плочи од личната колекција на Hendrix, вклучително и копија на „Highway 61 Revisited“ на Bob Dylan, на која има дамка од крв на Hendrix.

Станот и припаѓал на тогашната девојка на легендарниот гитарист, Kathy Etchingham. Кога се разделиле, тој се преселил во угледниот кварт Нотинг Хил. Фановите ќе можат да го разгледуваат вториот кат од зградата, откако тој се реновирал последните две години, за да дојде во некогашната форма.