СДСМ со градоначалници во околу 40 општини, ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека изборите се одвивале во нефер услови

СДСМ прогласи победа во 40-тина општини во Македонија на локалните избори. Според резултатите на партијата, очекуваат победа во сите 50 општини.

ВМРО-ДПМНЕ засега води во Конче, Демир Капија, Кавадарци, Новаци, Долнени, Зрновци, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Петровец, Илинден, Гази Баба и Сопиште.

ДУИ има значителна предност во Кичево, Сарај и Јегуновце. Најголем број гласови има кандидатката на ДУИ и во Тетово, Теута Арифи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвини дека изборниот ден „поминал во недемократска атмосфера, а изборната кампањата се одвивала во нефер услови.

Единствена новоизбрана жена-градоначалничка е Наташа Петровска, кандидатка на СДСМ за Битола.

Локалните избори се спроведоа на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје, а право на глас имаа 1.814.644 гласачи.

На изборите учествуваа кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени беа 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, односно на 29 октомври.

За следење локалните избори во Државната изборна комисија акредитирани беа 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи.

На овие избори најмногу набљудувачи имаше од невладината организација „Мост“, кои изборите ги следеа со повеќе од 2.500 набљудувачи.