Саудискиот принц Алвалид бин Талал: Време е жените да возат автомобили

Принцот од Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал ја искористи социјалната мрежа „Твитер“ за да им порача на саудиските власти да ја укинат забраната и да дозволат на жените да управуваат автомобили.

„Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот.

По краткиот твит, канцеларијата на принцот објави долго соопштение на англиски и на арапски во кое се наведуваат финансиски, економски, социјални, верски и политички фактори поради кои жените би требало да управуваат автомобили.

„Спречувањето жени да возат автомобили денес е прашање на човеково право, слично на тоа кога на жените им се забранува да се образуваат“, стои во соопштението.

Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која е забрането жени да управуваат возила.