Сатирично видео за премиерот Александар Вучиќ: Тој работи, а за нас нема работа

„Невработен“, „Во моментов невработена“, „Се уште барам работа“ се дел од изјавите на млади луѓе споени со изјавите на српскиот премиер Александар Вучиќ во кои тој вели дека напорно работи, понекогаш и сабота и недела, и тоа по 12 часа…

Сатиричното видео, изработено од српската „Критична маса“ за два дена веќе има над 927 илјади прегледи на Фејсбук и е споделено приближно 14 000 пати. Насловено како „Тој работи, а за вас нема работа“, полека почнува да станува хит и кај дел од македонските корисници на социјалната мрежа, кои видеото го поврзуваат со поранешниот премиер Никола Груевски и неговата изјава дека никој ни фала не му кажал за сработеното.