Samsung произведе RAM чип со 128 гигабајти меморија

Најновиот производ на Samsung е RAM чип кој има досега најголема меморија – 128 гигабајти.

Новиот RAM чип е наменет за големи компании и ја користи посебната техника на Samsung наречена „through silicone via“, пишува Gizmodo. Компаниите кои ќе го користат ќе можат да поврзуваат RAM чипови вертикално, преку електродите кои поминуваат низ дупки, наместо преку конвенционалното поврзување кое се користи во другите RAM чипови.

Во овој случај, Samsung поврзува 144 чипови, сортирани во 36 пакети од по четири гигабајти, кои овозможуваат вкупно 128 гигабајти меморија.

Од Samsung тврдат дека чипот „има најголем капацитет и највисока енергетска ефикасност од сите DRAM модули денес“.