[Сајт на годината] Радио МОФ во трка за најдобар сајт за образование и дизајн

Веб страницата на Радио МОФ годинава е номинирана во две категории на манифестацијата „Сајт на годината“ и тоа „Најдобар дизајн“ и најдобар веб сајт за „Образование, наука и култура“.

Радио МОФ номиниран за најдобар сајт за образование, гласајте за веб сајт на годината

И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Сите фанови на Радио МОФ може да гласаат на следниот линк. Се гласа со оставање на вашиот е мејл, по што пристигнува линк за гласање, од кој може да се гласа само еднаш.

Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите. Гласањето од интернет посетителите ќе трае до 05.12.2014. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Победниците ќе бидат објавени на 11.12.2014 на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ во 19:00 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.

Сајт на Годината е манифестација која по петти пат во Македонија ги избира најдобрите веб-страници во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.

Изборот за Сајт на годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.