Саем за студии во Франција 2017

Францускиот институт во Скопје и одделот Кампус Франс го одржуваат Саемот за студии во Франција, којшто ќе се одржи в четврток, 26 октомври, од 11 до 16 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Oфицијалното отворање е во 12 часот со пригодни говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Пјер Дениз, Ректор на Универзитетот во Каен.

На овој значаен настан се поканети претставници од француски универзитети, коишто на лице место ќе им дадат конкретни информации на заинтересираните посетители за студиите во Франција, студентскиот живот, процедурите за упис и можностите за стипендија.

Годинава, доделени се вкупно дест стипендии од оваа редовна програма. Десет македонски студенти ја имаат можноста во оваа учебна година да студираат со стипендија од француската влада на различни универзитети и на француските специјализирани, елитни високи школи. Се работи за студии на мастер во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки. Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.

На саемот, посетителите ќе можат да добијат конкретни информации за студирање во Франција, за студентскиот живот, процедурите за упис и за можностите за добивање стипендија.

Инаку, француската Влада, преку Амбасадата на Франција, секоја година доделува одреден број стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција.