Русија го забрани Reddit поради пост за одгледување на наркотични дроги

Русија го блокира пристапот до Reddit за нејзините граѓани поради пост во кој имало информација за одгледување на наркотични дроги, поточно за „волшебни“ печурки.

Регулаторот, во овој случај, Државниот сервис за надзор во одделот за телекомуникации, преку социјалната мрежа  VK.com ја соопшти веста за забраната, откако организацијата стапила во контакт со Reddit за постот да биде тргнат, но немало одговор.

Претходно, државниот сервис „Roskomnadzor“, ги замоли сите корисници да се обратат до администраторите, во спротивно социјалната мрежа ќе биде блокирана.

Ваквиот потег наиде на негативни реакции кај корисниците од Русија. Тие бараат затворање на регулаторот и на друштвената мрежа VK.com, на која се гледа како на друштвена мрежа која е контролирана од власта.

Извор: The Next Web