РСБСП: Време е да запрат кривичните дела на улиците

Со пораката „Денови на сеќавање – време е да запрат кривичните дела на улиците“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го одбележа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди .

Од советот потсетија сека само во првите 9 месеци годинава се случиле 100 сообраќајни несреќи со загинати лица, Во нив животот го загубиле 113 лица, а 4684 се повредени. Секоја година во светот околу 1,2 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди.

Изминатиот период советот ја спроведуваше кампањата за подигнување на свеста за заштита на децата во сообраќајот, како дел од светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ светот.

„За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, да се изрази почит кон загинатите, и солидарност кон нивните семејства, како и да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот , Организацијата на Обединетите Нации усвои резолуцијата со којашто се повикува на обележување на третата недела од месец Ноември како Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, соопштија од РСПСП.