Ротари конференција за професионална ориентација на млади

Ротари клубот Скопје Камен Мост оваа година по третпат ќе организира конференција за професионална ориентација на млади под мотото „Да го одберам тоа што се бара или тоа што го сакам“. Конференцијата ќе се одржи во сабота (18 април) од 11:00 до 15:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА.

За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминтентни гости говорници пред средношколци од втора и трета година, со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професија.

Воведно обраќање на отворањето ќе има Ѓорги Петрушев – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост. Пред присутните ќе говорат и Срѓан Керим – претседател на Управен одбор на Медиа принт Македонија, Винка Саздова – пистел и сопственик на Издавачки центар „Три”, како и Владимир Мартиновски – професор на Филолошкиот факултет при УКИМ.

Заинтересираните средношколци за учество треба да се пријават на info@nova.edu.mk , а бројот на места е ограничен. За следење на конференцијата ќе биде обезбеден вебстриминг на www.nova.edu.mk.