„Rooms“ – нова Фејсбук апликација што ќе ја поттикне употребата на форумите

Џош Милер, ко-основач на компанијата „Brаnch“ што беше купена во јануари од Фејсбук, излезе со нова апликација што има за цел да ги врати во живот форумите. Членовите на овие „соби“ ќе можат да споделуваат фотографија, текст и видео.

„Rooms“ – нова Фејсбук апликација што ќе ја поттикне употребата на форумите

За разлика од Фејсбук, оваа апликација не се врзува со социјалните мрежи. Секој член има можност да се приклучи во секоја посебна „соба“ со различно име.

Може да се создаде просторија на секоја тема. Оние што ги креираат просториите имаат контрола врз секој аспект. Ако сакаат да постават тема што е само за возрасни, тие можат да ги блокираат членовите што се под 18 години.

Она што е поинакво кај оваа апликација е тоа што можете да го сменете името на опцијата „ми се допаѓа“ и да ги користете емотиконите како што сакате. Ова има за цел да покаже дека просторијата за форум е целосно ваше дело. Според Милер, ова е повеќе од обична апликација.

„Инспирација ни беше ВордПрес. Како што ВордПрес служи како платформа за создавање блогови, така сакаме оваа апликација да се користи за создавање форуми“, се вели во изјавата на Милер.

За таа цел, апликацијата ќе биде усовршена со повеќе функции.

Извор: TheNextWeb