Роберт Де Ниро објави фолтроника албум

Актерот Роберт Де Ниро објави деби албум, на кој соработувал со фолтроник уметнокот Woodkid и композиторот Нилс Фрахм.

„Ellis“ е концептуален албум во кој е вклучен и краток филм за островот Елис, поранешниот имиграциски центар во Њујорк, кој бил првото место кое имигрантите кои gi населиле САД го сретнале на патот до Северна Америка.

Филмот и албумот ја раскажуваат приказната на имигрант, кого го игра Де Ниро, кој пристигнува во Америка во првата половина на 20-тиот век.

На втората страна на мини-албумот се наоѓа нарацијата на Де Ниро со музиката на Woodkid и свирењето на Фрахм. Производот е опишан како „панегирик на оние кои ја оформиле Америка“.

Заработките од „Ellis“, кој ќе биде пуштен во продажба на 8 јули, ќе бидат донирани на хуманитарната организација за бегалци Sea Watch.

Ellis е режиран од JR, францускиот уличен уметник чиј идентитет е сѐ уште непознат. Албумот е потпишан од Erased Tapes, етикета на A Winged Factory For The Sullen, Олафур Арналдс и Питер Бродерик, пишува NME.