Реплика на Титаник ќе исплови во 2018 година

Целосна реплика од патничкиот брод Титаник се очекува да исплови во 2018 година, по 160 години, откако оригиналниот брод потона во Северно Атлантскиот океан. Обновената верзија, наречена Титаник 2 е идеја на австралискиот милијардер Клив Палмер и неговата компанија „Blue Star Line“.

Надворешно, ќе изгледа идентично како бродот за крстарење од 1912 година, но ќе биде четири метри поширок и посовремен, поради сегашните поморски мерки за безбедност. За разлика од оригиналниот, новиот брод ќе има доволно чамци, заедно со систем за евакуација.

Репликата на Титаник ќе биде 270 метри долга, 53 метри висока, а ќе тежи 40 000 тони. Како и оригиналниот брод, Титаник 2 ќе нуди прва, втора и трета класа. Ќе има девет ката и 840 кабини, во кои ќе можат да се сместат 2400 патници и 900 членови на екипата. На бродот ќе има и базен, турска бања и спортска сала.

„Новиот Титаник секако дека ќе има модерни процедури за евакуација, сателитска контрола, дигитална навигација и радарски систем, како и се друго што би ги очекувале на брод од 21 век“, вели маркетинг директорот James McDonald.

Првото патување ќе биде од Џиангсу, Источна Кина до Дубаи. Оригиналниот брод потона за време на своето прво испловување откако удри во санта мраз, при што починаа повеќе од 1500 патници и екипаж.