Речникот на Оксфорд го прогласи „Youthquake“ за збор на годината

Речникот на Оксфорд го прогласи „youthquake “за англиски збор на 2017 година,  рефлектирајќи го она што се нарекува „политичко будење“ меѓу лицата родени во новиот милениум.

Зборот за првпат беше употребен во 60-тите од уредничката на „Вог“, Дијана Вриленд, која го користела за да ги опише ненадејните промени во модата, музиката и ставовите.

Од Речникот Оксфорд соопштија дека користењето на овој збор повторно оживува за да ги опише младите луѓе кои предизвикуваат политички промени.