Рецепторите за канабис во мозокот претставени за прв пат

Како и сите дроги, канабисот, или поконкретно ТХЦ (тетрахидроканабинол), се сврзува за рецепторите во мозокот за да ги произведе своите ефекти. Иако научниците знаат за ТХЦ од 1960-тите, успејаа да ја направат првата 3Д слика од рецепторите дури минатиот месец, откривајќи ја нивната структура.

Канабиноидите како ТХЦ се врзуваат за рецепторите во мозокот, кои исто така ги привлекуваат природните телесни канабиноиди, како ендоканабиноидите, како и други синтетички материи кои припаѓаат на истата категорија. Најголем фокус е ставен на (CB1), које одговорен за произведување на многу ефекти со чувството да се биде „high“.

Научниците досега се мачеа да разберат зошто различни канабиноиди произведуваат различни ефекти кога се сврзуваат со СВ1. Во весникот Cell, истражувачите објаснуваат дека досега нема фатално предозирање со ТХЦ, иако неколку синтетички канабиноиди можат да бидат смртоносни. Од друга страна, некои канабиноиди имаат медицински својства и се ефикасни при третирање на хронична болка, мултиплекс склероза и многу други болести.

Затоа се верува дека преку зголемување на разбирирањето за тоа како СВ1 функционира со различните канабиноиди, еден ден може да стане возможно да се создадат нови лекови со зголемена терапевстка моќ и без опасни нус-ефекти.