Реакции откако Фејсбук го замени сандачето за пораки со десктоп верзија на „Месинџер“

Пред помалку од две години Фесбук ја претстави својата апликација за комуникација „Месинџер“. Сега ја воведува апликацијата во десктоп верзијата на социјалната мрежа, заменувајќи ги досегашните опции.

Промената ја забележаа голем број на корисници, иако таа не беше формално најавена. Дел од нив велат дека не се задоволни од новото сандаче и бараат да се врати стариот принцип.

Инаку, може да забележат повеќе промени, а највоочлива е иконата за пораки, која сега го има знакот на „Месинџер“. Интерфејсот, пак, е ист како во апликацијата, прикажувајќи ги опциите за именување на разговорот, да се пребарува низ него, или да се променат бојата и емоџито.