Razer дизајнираше паметен телефон за гејмерите

Американската компанија Razer го претстави својот прв мобилен телефон, Razer Phone, кој е креиран исклучиво за гејмери.

Телефонот има 5,7-инчен екран со брзина на освежување од 120 Hz и резолуција од 2.560 х 1.440 пиксели. Неговиот екран е со голема осетливост и прецизност, и на секоја команда одговара брзо. Покрај огромниот екран се сместени стерео звучници.

Razer Phone има три камери, од кои две на задниот дел и една на предниот дел. Задните две камери се со 12 и 13 мегапиксели, а предната камера е со 8 мегапиксели.

Телефонот има внатрешна меморија од 64 GB, а поседува и Qualcomm Snapdragon 835 процесор. Покрај тоа, телефонот има слот за micro SD мемориска картичка и може да поддржи надоградување на меморија и до 2 TB.

Уредот треба да излезе во продажба од крајот на ноември по цена од 699 долари.