Rag’n’Bone Man ќе одржи концерт во Скопје

Eдна од актуелните светски ѕвезди во моментов, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11 мај.

Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на „Grand Reserve“ турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, меѓу кои и во Македонија.

Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human“, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата. Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на „YouTube“.