[Радио МОФ] Топ 10 настани по кои младите ќе ја паметат 2016

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Бурна, непредвидлива, стресна, ангажирана, борбена, неправична, протестна, кризна… Ова се дел од белезите кои можат да и се „прилепат“ на годинава што изминува. Барем на прва. Многумина веќе гласно од училиште или канцеларија извикуваат: „2016-та, аман веќе, оди си!“. Од друга страна, индивидуалните достигнувања, но и искрата што ја создадоа различни иницијативи, движења и организации донесоа позитивен електрицитет за младите. Имаше и концерти, фестивали за културно напојување. За секој по нешто.

    Ова е изборот на Радио МОФ на настани по кои младите ќе ја паметат 2016 година:

    1.Со контроверзната аболиција се роди Шарена револуција и се зголеми поддршката за СЈО

    Претседателот Ѓорге Иванов во април аболицираше 56 лица, главно поврзани со случаите со прислушуваните разговори на СЈО. Актот на Иванов оддекна низ целиот свет. Ја втурна политичката криза на ново, непознато ниво по „бомбите“.

     

    Одлуката создаде вулкан од незадоволство, а лавата се прелеа низ улиците на Македонија. Револтот прерасна и во иницијатива за оставки од функционери, но и за демократизација на институциите, барање за одложување на изборите, за учество на граѓаните во преговорите… По улиците неуморно протестираа и студенти, пензионери, активисти, членови на политички партии и движења, доктори, уметници, новинари… Сите заедно го дигнаа гласот против своевидна легализација на долгогодишен криминал кој почна да го истражува СЈО.

    Така се роди Шарената револуција. Ова движење стана симбол на слобода и правда, па сите протестни собири во Скопје почнуваа пред СЈО. Трите „чарлиеви ангели“ – Јанева, Ристоска и Фетаи станаа единствената институционална искра низ маглата од корумпција и страв, па шарените револуционери секојдневно им возвраќаа со аплауз и извици. Поддршката доаѓаше и преку видеа и собири од Амстердам, Лондон, Берлин, Њујорк… Секаде шарени ликови, мултиколоритност и правичност против политичко самоволие.

    Шарената револуција ги обележуваше своите активности и перформанси со бои. Со балони и со „чатал“ се боеја различни институции и објекти од „Скопје 2014“. За Шарената револуција тоа беа објекти-олицетворение на криминал. Како и многупати претходно, повторно се организираа контра-протести, овој пат за „одбрана на Македонија“.

    По повеќемесечни протести, собири, боења, преговори, герила-акции и блокирање раскрсници претседателот ја повлече аболицијата. И тоа со скоро истиот аргумент како што и ја донесе – „за стабилизирање земјата“. Шарената револуција престана да протестира секој ден, но боите на дел од објектите постојат и денес. Постојат и беџеви и маици. Постои и СЈО. Чека дали ќе се продолжи мандатот за да продолжи со низата случаи на „Т“.

    2.Изборите за нов ректор на УКИМ и претседател на СПУКМ

    На 26 јуни, поранешниот декан и професор на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, беше избран за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ откако четири часа студенти го блокираа влезот на Ректоратот. Причина за блокадата од страна на Студентски пленум беше нелигитимноста на студентските претставници во Сенатот, кои добија право да гласаат за нов ректор, иако имаа изминат мандат.

    На 1 јули, пак, Давор Поповски беше прогласен за победник на студентските избори со што ја презеде функцијата на досега контроверзниот претседател на Студентскиот парламент при УКИМ, Кирил Спироски. Но, неговата победа ќе остане запаметена по изборите кои поминаа во тензична атмосфера и со протест пред седиштетот на организацијата. Студентски пленум посведочи за насилно одземање на кутии од лица за кои тврдеа дека не се студенти на УКИМ, користење стари печати, немање паравани за гласање и други нерегуларности за време на изборите.

    Повеќе од 6 часа студентите протестираа блокирајќи го влезот на СПУКМ, но беа насилно избуткани од припадници на Единицата за брзо распоредување. При овој судир, неколкумина беа полесно повредени. Овие избори Ректорската управа ги прогласи за „црна дамка во историјата на Универзитетот“.

    3.Предизвици и бенефиции за студентите и младите

    Власта продолжи и ја реализираше идејата за формирање два нови универзитети „Мајка Тереза“ и „Дамјан Груев“. Нивното формирање загрижи голем дел од академската заедница и предизвика поделени реакции низ јавноста. Прашањата беа дали целиот концепт е набрзина направен, без темелна студија и анализа? Дали можеби власта има намера да направи капитулација УКИМ,  под превезот на „зголемување на конкуренцијата“?

    „Дамјан Груев“ беше најавен како универзитет за мир, безбедност и одбрана, а сепак еден ден пред негово гласање владата до Собранието поднесе предлог со дополнителни три насоки. Со тоа, „Дамјан Груев“ доби вкупно единаесет високообразовни единици во свој состав. Тие ќе бидат дополнение за 135-те постоечки факултети и 466 наставни програми, кои се изведуваат на 23 универзитети и Виши школи во 15 градови.

     

    На „Мајка Тереза“, пак, ќе бидат предавани вкупно 14 студиски програми на албански, англиски и македонски јазик. До првиот академски час таму беа избрани 45 професори. На секој факултет во просек по 5 професори. Работите за универзитетот ќе се решаваат во од. Ќе се решава и на кој начин да се дојде до бројка од 1220 студенти, особено ако се знае дека до пред два месеци беа запишани само 150-ина.

    Изборот на младински претставник од Македонија за РИКО помина со протестен собир и негодувања. Младинските организации кои беа дел од изборот упатуваа на нелегитимен процес, исполнет со повеќе неправилности. Нагласија дека се изиграни со тоа што се избра девојка што работи во институција, во Собрание.

    [Видео] Протест по спорниот избор за младински претставник на РИКО: Нема млади, само институции

    Од друга страна, за Агенцијата за млади и спорт изборот на Бојана Наумоска не беше воопшто спорен. Според Агенцијата, имало кворум и гласале 45 од вкупно 66 членови на формираната работна група.

    Во однос на бенефитите, студентите на државните универзитет од 1 јануари 2016 добија бесплатен превоз во автобусите на ЈСП. Беа избрани и 25 најдобри студенти во завршна година од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од „Гоце Делчев“ во Штип, кои од 20 до 23 мај да престојуваат во Барселона. Исто така, од септември започна проектот на кој се пријавуваа студенти-тутори со минимум просек 8, за да им даваат дополнителни часови на ученици.

    4.Легализација на канабис за медицински цели

    Повеќе пациенти со најразлични болести со нетрпение ја дочекаа „легализацијата на канабис за медицинска употреба“. Ова во превод значеше измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, со што маслото од канабис (засега) го препишуваат онколози, радиолози, инфектолози и невролози. Законот е предвиден за само 4 здравствени состојби – ХИВ, епилепсија, рак и мултиплекс склероза.

    [Видео] Медицински канабис – за граѓаните лек, за докторите неистражено поле

    Ваквата легализација наиде на различни критики. Прес се’ за цената на маслата која варира од 5.000 – 9.000 денари. Граѓанските организации и здруженија забележаа дека треба нов, одвоен закон. Се дискутираше и проблемот со огранувачување на листата на медицински состојби за кои конопот се препишува, а и несоодветните концентрации на ТХЦ и ЦБД во самото масло. Исто така, пациенти забележаа дека „докторите не се замараат“ да го препишуваат лекот.

    5.Предвремени пролонгирани парламентарни избори

    Предвремените парламентарни избори најпрво беа закажани за 24 април. Потоа датумот „скокна“ до 5 јуни, за граѓаните на Македонија да гласаат на 11 декември. Датумот за избори беше трасиран со безброј преговори, договори, протести, законски модификации, нови преговори, протести, Пржино 2, расправии во и надвор Собрание… Од се’ по многу.

    Изборите според договорот од Пржино претставуваа важна точка за излез од кризата. Поминаа доста тесно. И двете најголеми партии славеа победи. Во ДИК се водеа маратонски расправии за приговорите на партиите, а надвор пред зградата поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ протестираа.

    И по прегласувањето во Теарце останаа истиот број мандати – 51 за коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 49 за коалиција од СДСМ, ДУИ 10, Алијанса на Албанците 3, ДПА 2. Се уште се неизвесни коалиции за потенцијална Влада.

    6.Engage 2016

    Конференцијата за друштвени медиуми Engage годинава имаше две изданија -прво се одржа во кино  Култура, а потоа во склоп на фестивалот АКТО во Битола. Акцент и на двете конференции беа граѓанските иницијативи и јавниот простор.

    Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска и поранешниот меѓународен посредник во политичките преговори во земјава, Питер Ванхауте, беа главните ѕвезди на првото издание, придружени со  уште шестмина гости од Македонија и странство.

    Во второто издание, пак, правото на јавен простор и потребата од автономно место каде младите и слободоумните луѓе ќе можат да експериментираат и творат беше она што ги спои седумте говорници.

    7. 2016 беше „плодна“ за урбаните акции

    Над 30 герила, урбани и хуманитарни акции ја одбележаа 2016 година. Граѓаните на креативен начин масовно почнаа да го изразуваат својот револт кон проблемите што ги засегаат, но во исто време, не заборавија да бидат солидарни меѓу себе.

    Хуманоста годинава започна со осумгодишниот Јован Дукмеџиев кој со својата гитара застана сред плоштадот „Македонија“ во Скопје и свиреше за да собери пари за својата другарка Ели која боледува од рак. Македонските граѓани ја покажаа и меѓусебната солидарност за време на катастрофалните поплави во Скопско, каде со лопати, чизми и сопствени раце ги чистеа домовите на своите сограѓани. На 11 септември во Скопје се случија и неколку последователни земјотреси кои граѓаните ги остави во паника. Токму поради тоа, поединци организираа отворено кино во Градски парк, каде заедно се пребродуваше стравот. Од неодамна, Македонија се вклучи и во глобалната акција за помош на жителите во Алепо, Сирија.

    Малиот Јован свири за неговата другарка Ели

    Малиот Јован свири за неговата другарка Ели

    Покрај ова, се ловеа риби во огромните дупки на улиците во Велес, додека Аеродром постави „Гинисов рекорд“ во изградба на улици. Беа погребани човековите права пред Собрание, водата во скопските фонтани се претвори во крв, а охридските лебеди протестираа за трска. Во Маврово активистите побараа безбедни патишта, додека битолската професорка Софија Бејковска – Чочоровска го преплива Охридско езеро за да побара затворен базен за талентираните млади пливачи.

    Сепак, во 2016 година преовладуваа акциите поврзани со еколошките проблеми. Загадувањето е еден од најгорливите национални проблеми, па граѓани се организираа да чистат предели со отпад, отворија кабини за дишење чист воздух, поставија и бунар во околината на Гевгелија каде жителите се уште чекаат властите да ја исчистат водатата од арсенот. Но, во сета несреќа, граѓаните знаеја и да се пошегуваат. Па така, во Штип се појавија знаци со натписи „Внимание Диме Спасов на патот“ кои асоцираа на сообраќајните незгоди предизвикани поранешниот заменик-министер за труд и социјална политика возејќи службена кола, надвор од работно време.

    8.Таксират, Џос Стоун, Д Фест…

    Во доста тешка година за македонската музичка сцена, поради забраната на ЗАМП за емитување на македонска авторска музика во етер, овогодинешниот, 18-ти по ред  Таксират фестивал беше посветен токму на култните домашни бендови. Главната вечер на фестивалот (на кој впрочем, имаше и други одлични настани, како Morcheeba и мјузиклот Монти Пајтон Спамалот) беше рекордно посетена, а ѕвезди на вечерта беа култниот бенд Архангел, кој иако во нов состав, го вратија духот во некое заборавено, посјајно време за македонското музичко творештво.

    Изминатава година ја одбележаа и поголем број на гостувања на светски ѕвезди, како Џос Стоун на Скопје Џез Фестивал, Продиџи во Охрид, Ozric Tentacles во МКЦ, Жан Мишел Жар во „Борис Трајковски“ и дојранскиот Д Фест.

    [Галерија] 18 години Таксират – 18 години љубов, музика и поразлично Скопје

    9.Македонски гејмер во тимот кој освои второ место на светскиот Dota 2 турнир

    Македонскиот гејмер од Свети Николе, Мартин Саздов Сакса, заедно со својот тим Digital Chaos во август го освои второто место на Интернационалниот турнир Дота 2. Турнирот се одржуваше Сиетл, САД.Саздов и неговиот тим освоија 3,4 милиони долари.

    Ова беше прв пат македонски гејмер воопшто да се натпреварува на овој турнир, а веднаш постгна голем успех на светската е-спорт сцена, каде како нација сѐ уште немаме свои тимови.

    Мартин Саздов и Digital Chaos освоија второ место на Интернационалниот турнир Дота 2

    Дота 2 е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи. Најдобрите тимови од сите континенти најпрво играа на континентални квалификации, па потоа се натреваруваа со победниците од останатите континенти.

    10.2016 – година која одзеде најмногу славни личности

    Почнувајќи со смртта на Дејвид Боуви на 10 јануари, сѐ до последниот удар – многу саканата Кери Фишер, принцезата Леиа од „Star Wars“, 2016 ќе остане запаметена како година во која починаа голем број познати личности.

    Од домашните познати личности, годинава ги изгубивме Есма, стрип илустраторот Дарко Марковиќ, писателите Мето Јовановски и Трајче Крстевски, уметникот Глигор Чемерски, актерот Ацо Јовановски, академик Томе Серафимовски, диџеј Бабура.

    Кобната 2016 ги зеде и Принс, Алан Рикман, Џин Вајлдер, Мухамед Али, Пит Бурнс, Леонард Коен, Заха Хадид, Харпер Ли, Џорџ Мајкл, Деби Рејнолдс…

    Истражување на BBC спроведено кон средината на декември, покажа дека на глобално ниво навистина имало најголем број на починати познати личности (42 дотогаш), а најголем дел од нив починале во првата половина од годината.

    Тимот на Радио МОФ

  • [Radio MOF] Top 10 ngjarje për të cilat të rinjtë do ta mbajnë në mend vitin 2016

    E stuhishme, e pa parashikuar, stresuese, e angazhuar, luftarake, e pa drejtë, protestuese, krizë… Këto janë një pjesë e shenjave të cilat mund ti “ngjiten” vitit që kalon.  Të paktën në shikim të parë.  Shumë veta tani më zëshëm nëpër shkolla ose në zyra brohoritin: “2016, aman më, shko!” Nga ana tjetër, arritjet individuale, por edhe shkëndijën që e krijuan iniciativat e ndryshme, lëvizjet dhe organizatat rezultuan me elektricitet pozitiv për të rinjtë.  Kishte edhe koncerte, festivale për mbushjen e baterive kulturore.  Për secilin nga diçka.

    Kjo është zgjidhja e Radio MOF për ngjarjet sipas së cilave të rinjtë do ta mbajnë mend vitin 2016:

    1.Me abolimin kontrovers lindi Revolucioni laraman dhe u rrit mbështetja për PSP-në

    Presidenti Gjorgje Ivanov, në prill aboloi (fali) 56 persona, kryesisht që lidheshin me rastet me bisedat e përgjuara të PSP-së.  Akti i Ivanovit bëri jehonë nëpër të gjithë botën.  E futi krizën politike në nivel të ri, të panjohur pas “bombave”.

    Vendimi krijoji vullkan të pakënaqësive, ndërsa llava u derdh nëpër rrugët e Maqedonisë.  Revolta u shndërrua edhe në iniciativë për dorëheqjen e funksionarëve, por edhe për demokratizimin e institucioneve, kërkesë për prolongimin e zgjedhjeve, për pjesëmarrjen e qytetarëve në negociatat… Nëpër rrugë në mënyrë të palodhshme protestuan edhe studentët, pensionistë, aktivistë, anëtarë të partive politike dhe lëvizje, mjekë, artistë, gazetarë… Të gjithë së bashku e ngritën zërin kundër legalizimit të krimit më shumë vjeçar të cilin filloi ta hetojë PSP-ja.

    Kështu lindi Revolucioni laraman.  Kjo lëvizje u bë simbol i lirisë dhe drejtësisë, kështu që të gjitha tubimet protestuese në Shkup, fillonin para PSP-së.  Tre “engjëjt e Çarlit” – Janeva, Ristoska dhe Fetai, u bënë shkëndija e vetme institucionale nëpër mjegullën e korrupsionit dhe frikës, dhe revolucionarët laraman për ditë ju duartrokisnin dhe brohorisnin.  Mbështetja vinte edhe nëpërmjet videove dhe tubimeve nga Amsterdami, Londra, Berlini, Nju Jorku… Kudo fytyra laramane,  multi kolorit dhe drejtësi kundër arbitraritetit politik.

    Revolucioni laraman i shënonte aktivitetet e saj dhe performancat e saj me ngjyra.  Me tullumbace dhe me “çatall” ngjyroseshin institucione të ndryshme dhe objekte të “Shkupi 2014”. Për Revolucionin laraman ishin objekte – personifikim i krimit.  Si edhe shumë herë më parë, përsëri u organizuan kundër protesta, kësaj here për “mbrojtjen e Maqedonisë”.

    Pas protestave shumë mujore, tubimeve, ngjyrosjeve, negociatave, gerila aksioneve dhe bllokimit të udhëkryqeve, presidenti e tërhoqi abolimin.  Dhe kjo ndodhi me pothuajse argumentin e njëjtë siç e miratoi të njëjtën – “për stabilizimin e vendit”. Revolucioni laraman pushoi të protestojë për ditë, por ngjyrat në një pjesë të objekteve ekzistojnë edhe sot.  Ekzistojnë edhe bexhe dhe bluza.  Ekziston edhe PSP-ja. Pret nëse do të vazhdojë mandati që të vazhdojë me një sërë raste të “T”.

    2.Zgjedhjet për rektor të ri të UKM dhe kryetarit të PSUKM

    Më 26 qershor, ish dekani dhe profesori i Fakultetit Mjekësor, Nikolla Jankullovski u zgjodh rektor i ri i Universiteti “Shn Kirill dhe Metodi” mbasi katër orë studentët e bllokuan hyrjen e Rektoratit.  Shkaku për bllokadën nga Plenumi studentor ishte jo legjitimiteti i përfaqësuesve studentor në Senat, të cilët fituan të drejtën të votojnë për rektor të ri, edhe pse mandati i tyre kishte skaduar.

    Më 1 korrik, nga ana tjetër Davor Popovski, u shpall për fitues të zgjedhjeve studentore me  çka morri funksionin e kryetarit të deritanishëm kontrovers të Parlamentit studentor pranë UKM, Kirill Spiroski.  Por fitorja e tij do të mbahet mend për zgjedhjet të cilat kaluan në atmosferë të tensionuar dhe me protesta para selisë së organizatës.  Plenumi studentor dëshmoi për marrjen me dhunë të kutive të votimit prej persona për të cilët pohonin se nuk janë studentë të UKM, përdorimi i vulave të vjetra, nuk kishte paravan për votim dhe pa rregullsi të tjera gjatë zgjedhjeve.

    Më tepër se 6 orë studentët protestuan duke e bllokuar hyrjen e PSUKM, por me dhunë u përjashtuan nga Njësitë për shpërndarje të shpejtë. Gjatë këtij konflikti, disa persona u lënduan lehtë.  Këto zgjedhje Drejtoria e Rektoratit i shpalli si  “njollë e zezë në historinë e Universitetit”

    3.Sfida dhe përfitime për studentët dhe të rinjtë

    Pushteti vazhdoi dhe e realizoi idenë për formimin e dy universiteteve të reja “Nënë Tereza” dhe “Damjan Gruev”.  Formimi i tyre shqetësoi një pjesë të madhe të komunitetit akademik dhe shkaktoi reagime të ndara në publik.  Çështjet nëse i gjithë koncepti është krijuar shpejtë e shpejtë, pa studim të thellë dhe analizë? Nëse ndoshta pushteti ka për qëllim të bëjë kapitullimin e UKM, nën maskën e “rritjes së konkurrencës”?

    “Damjan Gruev” u paralajmërua si universitet për paqe, siguri dhe mbrojtje, por megjithatë një ditë para votimit të tij qeveria në Kuvend paraqiti propozim të plotësuar në lidhje me tre çështje.  Me këtë, “Damjan Gruev”, fitoi gjithsej njëmbëdhjetë njësi të arsimit të lartë në përbërjen e tij.  Ata do të jenë plotësim për 135 fakultetet ekzistuese dhe 466 programet arsimore, të cilat zhvillohen në 23 universitet dhe Shkolla të larta në 15 qytete.

    Në “Nënë Tereza”, nga ana tjetër, do të ligjërohen gjithsej 14 programe studentore në gjuhën shqipe, angleze dhe maqedonase.  Deri në orën e parë akademike atje ishin zgjedhur 45 profesorë.  Në secilin fakultet mesatarisht ka nga 5 profesorë.  Punët e universitetit do të zgjidhen me kalimin e kohës. Do të zgjidhet edhe në cilën mënyrë të arrihet shifra prej 1220 studentë, në veçanti nëse dihet se deri para dy muaj u regjistruan vetëm 150 studentë.

    Zgjedhja e përfaqësuesit rinor të Maqedonisë për RIKO kaloi me tubim protestues dhe pakënaqësi.  Organizatat rinore të cilat ishin pjesë e zgjedhjes thanë se bëhet fjalë për proces jo legjitim, plot me shumë pa rregullsi.  Theksuan se janë mashtruar me atë që zgjidhet vajzë e cila punon në institucion në Kuvend.

    [Видео] Протест по спорниот избор за младински претставник на РИКО: Нема млади, само институции

    Nga ana tjetër, për Agjencinë për Të Rinj dhe Sport zgjedhja e Bojana Naumoska nuk ishte kontestues aspak.  Sipas Agjencisë, ka pasur kuorum dhe kanë votuar 45 nga gjithsej 66 anëtarë të grupit punues të formuar.

    Në lidhje me përfitimet, studentët e universiteteve shtetërore nga 1 janar 2016 fituan transport pa pagesë në autobusët e NPT. U zgjidhën edhe 25 studentët më të mirë në vitin e fundit nga Universiteti “Shën Kirill dhe Metodi”, Universiteti i Evropës Juglindore në Tetovë dhe nga “Goce Dellçev” në Shtip, të cilët nga 20 deri më 23 maj do të qëndrojnë në Barcelonë.  Gjithashtu, nga shtatori filloi projekti për paraqitjen e studentëve – tutorë më minimum mesatare 8, qe tu japin orë plotësuese nxënësve.

    4.Legalizimi i kanabisit për qëllime mjekësore

    Më shumë pacientë me sëmundje të ndryshme me padurim e pritën “legalizimin e kanabisit për përdorim mjekësor”.  Kjo në përkthim do të thotë ndryshime në Ligjin për kontroll të lëndëve dehëse dhe substancave psikotrope, me çka vaji i kanabisit ( tani për tani) rekomandohet nga onkologë, radiologë, infektologë dhe neurologë.  Ligji është parashikuar për vetëm 4 gjendje shëndetësore – HIV, epilepsi, kancer dhe multipleks sklerozë.

    [Видео] Медицински канабис – за граѓаните лек, за докторите неистражено поле

    Legjitimimi i këtillë hasi në kritika të ndryshme.  Para së gjithash për çmimin e vajit i cili lëviz nga 5.000 – 9.000 denarë. Organizatat qytetare dhe shoqatat thanë se duhet ligj i ri, i veçantë. U diskutua edhe për problemin me kufizimin e listave për gjendjet mjekësore për të cilët konopi rekomandohet, por edhe përqendrimet jo përkatëse të THC dhe CBD në vetë vajin.  Gjithashtu, pacientët thanë se “mjekët nuk shqetësohen” të rekomandojnë këtë ilaç.

    5.Zgjedhje të parakohshme të prolonguara parlamentare

    Zgjedhjet e parakohshme parlamentare fillimisht u caktuan për 24 prill. Pastaj data “ lëvizi” deri më 5 qershor, që qytetarët e Maqedonisë të votojnë më 11 dhjetor.  Data për zgjedhje u trasua me pa numër shumë negociata, marrëveshje, protesta, modifikime të ligjeve, negociata të reja, protesta, Przhino 2, diskutime në dhe jashtë Kuvendit… Nga gjithçka më shumë.

    Zgjedhjet sipas marrëveshjes të Przhino paraqesin pikë të rëndësishme për dalje nga kriza.  Kaluan shumë ngushtë.  Të dyja partitë më të mëdha kremtuan fitore.  Në KSHZ, kishte diskutime maratonike, për ankesat e partive, ndërsa kashtë para godinës mbështetës dhe simpatizues të VMRO- DPMNE-së protestonin.

    Edhe pas ri votimit në Tearcë ngeli numri i njëjtë i mandateve – 51 për koalicionin të udhëhequr nga VMRO- DPMNE, 49 për koalicionin e LSDM-së, BDI- 10, Aleanca për shqiptarët 3, PDSH 2. Ende nuk dihen koalicionet për Qeverinë potenciale.

    6.Engage 2016

    Konferenca për media të shoqëruara Engage këtë vit kishte dy  performime – fillimisht u mbajt në kinema Kultura, ndërsa pastaj në përbërje të festivalit AKTO në Manastir.  Theksi i të dy konferencave ishin iniciativat qytetare dhe hapësira publike.

    Prokurorja e Prokurorisë Speciale Publike, Lençe Ristoska dhe ish ndërmjetësuesi ndërkombëtar në negociatat politike në ven, Piter Vanhaute, ishin yjet kryesore të edicionit të parë, të shoqëruar edhe me gjashtë të ftuar nga Maqedonia dhe nga jashtë vendit.

    Gjatë edicionit të dytë, nga ana tjetër, e drejta për hapësirë publike dhe nevoja për vend autonom ku të rinjtë dhe njerëzit me mendje të hapur për të eksperimentuar dhe të krijojnë ishte ajo që i bashkoi shtatë diskutuesit.

    7.2016 ishte “i frytshëm” për veprimet urbane

    Mbi 30 gerila, veprime urbane dhe humanitare e shënuan vitin 2016 Qytetarët në mënyrë kreative masivisht filluan të shprehin revoltën e tyre ndaj problemeve të cilat i tangojnë, por njëkohësisht, nuk harruan të jenë solidar ndërmjet vete.

    Humanizmi këtë vit filloi me shtatë vjeçin Jovan Dukmexhiev i cili me kitarën e tij qëndroi në sheshin “Maqedonia” në Shkup dhe bënte muzikë që të grumbullojë para për shoqen e tij Eli e cila është e sëmurë nga kanceri. Qytetarët maqedonas e dëshmuan edhe solidaritetin e ndërsjellë gjatë vërshimeve katastrofike në Shkup, ku me lopata, çizme dhe me duart e tyre i pastronin shtëpitë e bashkë qytetarëve të tyre. Më 11 shtator në Shkup ndodhën edhe disa tërmete të njëpasnjëshme të cilat qytetarët u krijuan panik.  Pikërisht për këtë, individë organizuan kinema të hapura në Parkun e qytetit, ku së bashku i bënin ballë frikës. Para pak kohe, Maqedonia u kyç edhe në aksionin global për ndihmë për banorët në Alepo, Siri.

    Малиот Јован свири за неговата другарка Ели

    Përpos kësaj, u peshkuan peshq në gropat e mëdha në rrugët e Velesit, ndërsa në Aerodrom i vendos “Rekordi i Ginisit” për ndërtimin e rrugës.  U varrosën të drejtat e njeriut para Kuvendit, uji në shatërvanët e Shkupit u shndërrua në gjak, ndërsa pulëbardhat e Ohrit protestuan për kallam. Në Mavrovë aktivistët kërkuan rrugë të sigurta, ndërsa profesoresha nga Manastiri Sofija Bejkovska – Çoçorovska  e kaloi me not Liqenin e Ohrit, për të kërkuar basen të mbyllur për notarët e rinj të talentuar.

    Megjithatë, në vitin 2016 prevaluan aksionet në lidhje me problemet ekologjike.  Ndotja është një nga problemet më të hidhura nacionale, dhe qytetarët u organizuan të pastrojnë rajone me mbeturina, hapën kabina për të thithur ajër të pastër, vendosën edhe pus në rrethinën e Gjevgjelisë ku banorët ende presin nga pushteti të pastrojë ujin nga arseni.  Por, në gjithë këtë fatkeqësi, qytetarët dinin edhe të bëjnë shaka.  Kështu, në Shtip u paraqitën shenja me mbishkrime “Kini kujdes Dime Spasov është në rrugë”, Të cilat asocionin në aksidentin rrugor të shkaktuar nga ish zëvendës ministri për Punë dhe Politikë Sociale duke drejtuar automjet zyrtar, jashtë orarit të punës.

    8.Taksirat, Xhon Stoun, D Fest…

    Në një vit mjaft të rëndë për skenën muzikore maqedonase, për shkak të dënimit të ShMDAM për emetimin e muzikës autoriale maqedonase në eter, festivali i 18 me radhë këtë vit Taksirat iu kushtua pikërisht bendeve kulturore vendase.  Nata kryesore e festivalit (gjatë së cilës kishte edhe performanca të tjera të shkëlqyera, si Morcheeba  dhe muzikalit Monti Pajton Spamalot) u vizitua nga numër rekord, ndërsa yjet e natës ishin banda kulturore Arhangel, të cilët edhe pse në përbërje të re, e kthyen frymën e ndonjë krijimtarie të harruar, më të ndritshme për krijimtarinë muzikore maqedonase.

    [Галерија] 18 години Таксират – 18 години љубов, музика и поразлично Скопје

    Vitin e kaluar e shënuan edhe numër i madh i pperformancave të yjeve botërore, si Xhos Stoun në Shkup Xhez Festivalin, Prodixhi në Ohër, Oziric Tentacles në QKM, Zhan MIshel Zhar në “Boris Trajkovski” dhe D Festivali i Dojranit

    9.Gejmeri maqedonas në ekipin i cili fitoi vendin e dytë në Dota 2 turnirin botëror

    Gejmeri maqedonas nga Shën Nikollë, Martin Sazdov Saksa, së bashku me ekipin e tij Digital Chaos në gusht e fitoi vendin e dytë në Turnirin internacional Dota 2. Turniri u mbajt në Sietëll, SHBA, Sazdov dhe ekipi i tij fituan 3,4 milion dollarë.

    Kjo ishte herra e parë gejmer maqedonas në përgjithësi të garojë në këtë turnir, ndërsa menjëherë arriti sukses të madh në e – sport skenën botërore. ku si komb ende nuk kemi ekipet tona.

    Мартин Саздов и Digital Chaos освоија второ место на Интернационалниот турнир Дота 2

    Dolta 2 është një nga e – sport turnirët me të mëdha në botë të cilin e përcjellin dhjetëra milion shikues.  Ekipet më të mira nga të gjitha kontinentet fillimisht luajtën në kualifikime kontinentale, dhe pastaj garuan me fituesit e kontinenteve të tjera.

    10.2016 – viti i cili morri shumë persona të famshëm

    Duke filluar me vdekjen e Dejvid Bouvi më 10 janar, deri te goditja e fundit – shumë e dashura Keri Fisher, princesha Leia nga “Star Wars”, 2016 do të mbahet mend si vit gjatë së cilit vdiqën numër i madh i personave të famshëm.

    Nga personat vendas të njohur, këtë vit e humbëm Esmën, strip ilustruesin Darko Markoviq, shkrimtarët Meto Jovanovski dhe Trajçe Krstevski, artisti Gligor Çemerski, aktori Aco Jovanovski, akademiku Tome Serafimovski, dixhej Babura.

    Viti fatal 2016 i morri edhe Prins, Alan Rikman, Xhin Vajlder, Muhamed Ali, Pit Burns, Leonard Koen, Zaha Hadid, Harper Li, Xhorxh Majkl, Debi Rejnolds…

    Hulumtimi i BBC i realizuar kah mesi i dhjetorit, tregoi se në nivel global,  ka pasur vërtet numër të madh të personave të njohur që kanë ndërruar jetë ( 42 deri atëherë), ndërkaq pjesa më e madhe e tyre kanë vdekur në gjysmën e parë të vitit.

    Ekipi i Radio MOF

//