Радио МОФ и годинава на Amsterdam Dance Event

Како што завршуваат летните денови и полека влегуваме во есента, екипата на Радио МОФ и оваа година, по трет пат ќе биде активен учесник и од блиску ќе ги следи настаните од електонската џунгла наречена Amsterdam Dance Event.

Во перидот од 18-ти до 23-ти октомври, градот Амстердам ќе го одбележи „зимското сметање нa времето” кога станува збор за електронска музика. На крајот на месец септември се одржуваат последните журки (closing parties) со кои се затвора летната сезона „летно сметање на времето“ и целата електронска сцена се сели во т.н. indoor клубови.

Овогодинешниот ADE е дваесет и второто по ред издание. Програмата е комплетирана кон средината на септември и вклучува преку 1000 настани распоредени во 5 дневна програма на која учество ќе земат над 2500 ДЈ-и, 550 говорници и се тоа распоредени на 160 локации низ цел Амстердам.

Според директорот на ADE Richard Zijlma “глобалната сцена на елетронска музика расте рапидно, а особено во делот на мешање на техното со различни музички правци како џез, hip – hop и класична музика. За време на ADE сите овие музички правци ќе се спојат во Амстердам и градот ќе го претворат во поле за културни и технолошки иновации”.

Мапа на настани за време на ADE

Инаку, настанот се базира на три платформи: ADE Festival & Playground, под кои спаѓаат настани од типот изложби, проекции, уметнички работилници и журките. Третата платформа е ADE Conference која опфаќа професиионални дебати, претставување на нови трендови, промоција на новитети и место каде се врши одличен „networking“ и бизнис.

ADE Pro – конферренција каде се собираат стотици делегати од целиот свет со цел остварат размена на идеи и искуства во врска со бизнис апспектите на музиката и журките.

ADE Beats – меѓународна платформа за hip – hop, bass и beats.

ADE Dance & Brands – конекција меѓу електоснка музика и брендови од резлични сфери.

ADE Green – имплементирање на еко трендовите при организирање на музички настани, социјални апскети, храна и др.

ADE Hackathon – стимулирање на иновативноста и претприемништвото на фестивалската сцена.

ADE Sound Lab – последните иновации и требдови во светот на звукот, технологијата и креативнсота.

ADE Tech – најава на последните технолошки трендови и брилијантни идеи на генерациите кои доагаат.

ADE University – платформа која ги поттикнува младите професионалци и им дава правец за во иднина.

ADE Hard Dance Event – поттикнато од последните трендови на hard – core техно, може да се стенкат и разменат искуство во оваа сфера.

Корисни совети при посета на Amsterdam Dance Event  – како да преживеете.

Огнен & Александар