[Радио МОФ @ ADE] Забавата продолжи со ѕвездите на вечeрта – Dave Clarke и Awakenings

Полека влеговме во викендот, и нормaлно мораше да се навикнеме на големи гужви и редици. Прво место кое го посетивме беше повторно нешто нестандардно и несекојдневно, од аспект на музиката се разбира.

Сместено во срцето на Амстердам e местото Leidesplein, каде се случува комерцијална забава за време на викендите и се смета за срцето на ноќниот живот во Амстердам. Прва стоп станица ни беше клубот Sugarfactory каде настапуваа DJ Jazzy Jeff, Kenny Dope и  Kayper. Вечерта ја отвори DJ Jazzy Jeff кој со комбинацијата од џез, фанк, аренби и хип хоп во текот на целиот настап ја држеше публиката на нозе, а се изнаслушавме и преработки на хит песни од различни времиња.

Наредното место беше на само десетина метри, популарното Melkweg. Инаку на Leidesplein постојано патролираат полицајци со секаков вид на возила, а импресионирани бевме од коњаницата која го обиколува местото. И за волја на вистината на толкаво присуство на полицијата забавата тече како тие да не се  воопшто присутни.

Пред да почнеме да пишуваме за забавате внатре во Melkweg, добро е да кажеме и некој збор за самото место. Сместено исто така на Leidesplein, се смета за едно од главните и најпопуларни музички и културни центри во Амстердам. Инаку, зградата и самото место е поранешна фабрика за млеко, поделено во повеќе сали каде во исто време се одржуваат настани од различен тип. Местото постои од 1970 година и е менаџирано од непрофитна организација. Вечерта нашата цел беше настапот на Dave Clarke.

Од центарот на Амстердам се упативме кон Westerpark, каде во Warehouse Elementenstraat, каде под покровителство на HYTE ADE во две хали настап имаа: Ricardo Villalobos, Set Troxler Steve Rachmad, DeWalta, Craig Richards, Dandy Jack, Enzo Siragusa, Seb Zito, Ferro и Archie Hamilton B2B Rossko.

Од таму отидовме кон последниот настан за вечерта Awakenings, сместено во истиот парк, а забавата се одржуваше во стара гасна централа (Gashouder). Само што влеговме DJ сет имаше Joris Voorn. Инаку, обликот на салата е во овална форма со одлична акустика и извонредно осветлување.

Во самата сала освен шанкови за пијалаци имаше и масажа, штандови за сувенири и други видови храна, зони за „чил“ и друга инфраструктура. По настапот на Joris Voorn следеше германецот Kölsch со сет до раните утрински часови. Инаку што ни остави впечаток на оваа журка е шарената возраст на публиката со структура од 17 до 77 години.

Александар С. и Огнен Т.