Радио драма – „Откованиот Прометеј“ на Југослав Петровски

Радио драмата „Откованиот Прометеј“, во сценарио и режија на Југослав Петровски, вчера беше премиерно емитувана на Радио Слободно Скопје.

Радио драмата е составена од пет дела: „Приказна за сложни братучеди што држава крадат“, „Приказна за диктаторските чизми на Царот Николај“, „Реторичка расправија меѓу цар Самоил и Александар“, „Велики – чија генетска грешка, чии блуден одрод се денешните поклоници на Царот Николај“, но и за „‎Шарените“ и како тие ќе го „отковаат“ со милениуми и милениуми, закованиот Прометеј, ќе му дадат конечна слобода, ќе го откорнат – ќе го отковаат – давајќи и, во исто време, слобода на Македонија и целот македонски народ“, пишува во сижето авторот Петровски.

Во „Откованиот Прометеј“ играат Горан Ников и Јаков Спасов, а монтажата е на Николај Митрески.