Работилница за млади лидери на Универзитетот Шефилд

Универзитетот Шефилд од Солун ќе одржи работилница за млади лидери во Скопје, каде средношколците ќе имаат можност да чујат повеќе за можностите кои ги нуди овој меѓународен универзитет.

Настанот ќе се одржи во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза на 8 мај во 13:00 часот, каде предавачите ќе говорат за знаењето, претприемачките и бизнис вештини и ќе доделат сертификати за присуство на работилницата.

За учесниците постои можност и за добивање стипендија за студирање на универзитетот.

Меѓународниот факултет, CITY Колеџот нуди студии на главниот кампус во Солун, во дисциплините на бизнис администрација и економија, информатика, англиски студии и психологија.

За регистрација на работилницата, и повеќе информации за Универзитетот во Шефилд и програмите кои се нудат во Солун, Грција, на следниот линк.