Работилница на тема „Кинематографијата и младите“

Канцеларијата за млади на Општина Центар организира работилница која ќе биде насочена кон истражување на учеството на младите во кинематографијата. Работилницата ќе се состои од два дела:

– On-line панел – Кинематографија и млади: млади од 8 градоци од Балканот ќе зборуваат на тема „Малдите во кинематографијата, како креатори и посетители“

– Проекција на филм „Децата на мирот“ во режија на Емир Капетановиќ од Босна и Херцеговина. Филмот го прикажува животот на младите родени по војната во Босна и Херцеговина. Филмот го прикажува животот на младите родени по војната во Босна и Херцеговина.

Работилницата ќе се одржува во сабота (12 август) во просторијата на Канцеларијата за млади.

Филмска вечер е дел од активностите кои се спроведуваат во соработка на младинските работници на АЛДА Скопје и канцеларијата за млади на општина Центар, како дел од регионалниот проект „Балканска платформа за младинско учество и дијалог“, финансиран од Европската Унија.