Пуштен во продажба првиот лаптоп со заоблен екран

Производителот на технологија „Acеr“ го произведе првиот лаптоп на светот кој има заоблен екран. Од компанијата велат дека иновацијата ќе го направи играњето на видео игри „извонредно“.

Неколку производители на телевизори веќе користат заоблени екрани, но се испостави дека тоа има и предности, но и лоши страни во однос на технологијата со рамен екран.

Тајванската компанија најави и дека отвора стартап кој ќе произведува технологија за миленичиња.

Лаптопот кој е именуван „Предатор“ има многу поголем екран од вообичаено – 21 инч, односно 53,3 центиметри.

Заоблените екрани се многу користени во кината, а прв пат се појавија кај телевизорите пред три години.

Според „Acer“, лаптопот ќе овозможува поголемо чувство на длабочина, бидејќи сликите кои се прикажуваат не се на рамнина, и корисниците ќе чувствуваат дека имаат пошироко видно поле.