Публиката со петиција бара краткиот игран филм „Пепи и Муто“ да стане серија

Краткиот игран филм „Пепи и Муто“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски е комедија која го следи запознавањето и првиот заеднички случај на искусниот полициски инспектор Пепи (Петар Мирчевски) и кадетот Муто (Сашко Коцев).

Откако беше прикажан на повеќе фестивали во светот и државата, филмот може да се погледне и онлајн. За краток период тој доби многу позитивни критики, а како резултат на тоа е петицијата со која публиката бара од Агенцијата за филм „Пепи и Муто“ да стане серија. За само еден ден ја потпишале 893 потписи.

Инаку, филмот премиерно беше прикажан во декември 2015 година, а е во продукција на „Фокус Покус“. Освен Коцев и Мирчевски, играат: Јордан Симонов, Зоран Љутков и Никола Ацески.