#ПРОТЕСТИРАМ

Сите случувања поврзани со протестите од 5 мај и движењето „#Протестирам“, собрани на едно место на Радио МОФ. Следете не!

Вторник, 9 јуни

Протестен марш за оставка на министерот Тодоров

Со протестен марш денеска во 18 часот, од Владата до Министерството за здравство, движењето „Протестирам“ ќе ги потсети надлежниете дека не е заборавен случајот со малата Тамара, девојчето кое почина додека чекаше да и бидат одобрени пари за лекување во странство.

 

Сабота, 6 јуни

[Галерија] Протестен марш низ улиците на Скопје – четири години од убиството на Мартин Нешковски

Стотици граѓани денеска одржаа протестен марш низ улиците на Скопје, со кој одбележаа четири години од бруталното убиство на младиот Мартин Нешковски.

 

Петок, 5 јуни

[Фото] Марш за оставка на Владата – „Протестирам“ назад на улица

Четврток, 4 јуни

[Фото] „Барок“ во публика на Театар Комедија

Повеќе активисти од движењето #Протестирам вечерва ја посетија претставата „Лисистрата“, која е дел од репертоарот на Театар Комедија.

„Протестирам“ со марш се враќа на улица

Со протестен марш за правда и слобода, кој утре ќе тргне од пред Владата, движењето „Протестирам“ се враќа на улица.  Еден месец по протестот за правда за Мартин Нешковски, каде беа повредени десетици лица и приведени голем број демонстранти, од „Протестирам“ најавуваат дека уште погласно и помасовно ја продолжуваат борбата против злоупотребите, насилството и неправдата.

 

[Фото] #Протестирам: „Ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“

Облечени во барокни костими, држеа натписи со познати реплики на функционерите кои може да се слушнат на бомбите, како онаа која според опозицијата ја кажува министерот за финансии, Зоран Ставрески – „Ние сме лудаци, ова што го правиме е ненормално, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“, но и други како „Навлечен сум на барок“, „Барокот од блиску доаѓа“…

Среда, 3 јуни

[Фото] „Потерници“ за Мијалков и Јанакиески – нова герила акција на #Протестирам

Вторник, 2 јуни

[Фото] #Протестирам ги „пломбираше“ министерствата

[Фото] #Протестирам ги пломбираше министерствата

 

Вторник, 19 мај

Движењето „Протестирам“ ги разгледува следните чекори

Движењето „Протестирам“ попладнево одржува отворен состанок на „Школка“ во Градскиот парк, каде членовите дискутираат за следните чекори, во светло на последните политички случувања во земјава…

Понеделник, 18 мај

Трибина, женски базар, музика и филм денеска во кампот пред Влада

Недела, 17 мај

Масовен протест во Скопје, граѓаните бараат оставка од Владата

23

Сабота, 16 мај

„Протестирам“ се придружува на утрешниот протест пред Влада

Граѓаните од движењето „Протестирам“ утре ќе се придружат на големиот протест пред Влада кој симболично ќе започне во пет до два. Според најавите , тие ќе се соберат во 13 часот пред Основниот суд 1, во Скопје, по што заедно со студентите од Студентскиот пленум и активистите од левичарското движење „Солидарност“ ќе маршираат до Владата на Република Македонија.

Петок, 15 мај

[Галерија] Од Влада кон Собрание – нов протест на „Протестирам“

Со скандирање „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, стотици демонстранти од движењето „Протестирам“, и денеска излегоа на улица да побараат оставка од премиерот Никола Груевски и Владата.

Протестирам

Притвор за уште тројца учесници во протестот на 5 мај

Скопскиот Основен суд вчера им одредил мерка притвор во траење од осум дена на уште тројца учесници во протестите на 5 мај, соопшти судот…

Четврток, 14 мај

Граѓаните пред Собрание: Сакаме да ја живееме, а не да ја сонуваме слободата

„Зошто не се откажуваме? Зошто три оставки не се доволни, бидејќи Груевски ги има пуштено пипците насекаде. Овие оставки ништо не менуваат. Пак ќе имаме диктатура. Сакаме да ја живееме, а не да ја сонуваме слободата“, рече во својот говор пред насобраните граѓани Здравко Савевски од „Солидарност“ кој го заврши со пораката дека „борбата продолжува се до оставка на Никола Груевски“.

[Галерија] Од Влада, до Суд и Собрание – протест и денеска во 6 часот

Граѓаните од движењето „Протестирам“ ги повторија своите три главни барања : Оставка и преземање одговорност на Владата, итно ослободување на притворените во протестите, како и формирање на Влада која ќе ја врати демократијата во институциите.

Хелсиншки: 42 млади притворени за учество на протестите во Скопје

Среда, 13 мај

Граѓаните пред Собрание: Сакаме Влада која се плаши од нас, а не ние од неа!

„Се прашувам што ќе беше различно, колку животи ќе беа поубави и подобри ако Јанкуловска дадеше оставка тогаш кога ние  ја баравме. Сепак, она вчера не е доволно. Ние остануваме секој ден во шест, се додека не даде оставка целата Влада, и бараме не само политичка туку и криминална одговорност“, подвлече во својот говор пред македонското собрание активистот Александар Донев.

Продолжуваат протестите за оставка на Владата секој ден во 6 часот

Самоорганизираното, автентично изразување на револтот кое кулминираше на 5 мај, продолжува секој ден во 18:00 часот и веќе вродува со плод, информираат од движењето „Протестирам“.

Вторник, 12 мај

[Фото] Граѓани повторно спречени да протестираат пред Влада, тргнаа кон Собрание

Граѓаните од движењето #Протестирам повторно беа спречени да протестираат пред Влада. Поради полициската блокада, тие уште еднаш се упатија кон Собранието. Протестот започна мирно, а се извикува „Оставка„, „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“…

[Фото] Демонстрантите побараа оставки и одговорност за загинатите во Куманово

„Протестирам затоа што Мартин Нешковски беше убиен и за тоа знаеше премиерот на државата и тоа го криеше. Барам оставка. За тоа убиство знаеле и директорот на УБК и министерката на МВР. Протестирам за Тамара и барам оставка од Министерството за здравство. Протестирам за лошите закони во високото образование. Протестирам за сите затворени активисти и барам веднаш да бидат ослободени. Протестирам и барам оставка од цела Влада и сите министри. Ете, затоа протестирам секој ден во шест и ќе бидам на улица се до падот на оваа Влада“, вели активистката Билјана Гинова.

Понеделник, 11 мај

[Фото] „Протестирам“: почест за загинатите полицајци и помош за Куманово

Голем број граѓани, обединети во движењето „Протестирам“, вечерва одржуваат мирен собир во близина на Владата на Република Македонија. Граѓаните оставаат цвеќе и палат свеќи во знак на почит кон полицајците кои загинаа викендов во полициската акција во Куманово. Имињата на загинатите припадници на МВР се напишани на булеварот „Св. Климент охридски“, а граѓаните упатуваат пораки за мир и правда.

Движењето „Протестирам“ бара оставки и одговорност од Владата и Груевски

Активистите и граѓаните кои изминатите денови протестираа и обвинија за заташкување на случајот Мартин Нешковски од страна на владини функционери, вчера одржаа мирен собир на кој ги договорија следните чекори на движењето „Протестирам“.

Недела, 10 мај

Мирен собир во знак на почит кон загинатите во Куманово во 6 пред Влада

Стотина граѓани и активисти, на мировен собир на Школка во Градски парк, одлучија на вториот Ден на жалост, мирно да се соберат, пред Влада во 18:00 часот и да им оддадат почит на загинатите во полициската акција во Куманово. Потоа, тие ќе положат цвеќе и ќе запалат свеќи пред Собранието, облечени во црна и бела облека, што ќе ја симболизира тагата за загинатите македонски и албански полицајци.

Сабота, 9 мај

Петти ден протест против полициска бруталност

Со минута молк за загинатите во денешната полициската акција во Куманово, започна петтиот по ред протест против полициската бруталност во Скопје. Десетина од демонстрантите сакаа да положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје во близина на Владата, по повод Денот на победата над фашизмот, но полицијата не им дозволи, па го оставија пред нозете на полицајците.