Протестирам: Шарената револуција не признава фикус аболиција

Аболицијата на Иванов е во фокусот на денешниот протест на неформалното движење Протестирам. Протестот почна во 18 часот, кога веќе цел месец граѓаните почнуваат да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје. Оттука тие тргнаа кон Водно, со надеж дека полицијата ќе ги пушти да стигнат до претседателската вила на Ѓорѓе Иванов.

„Шарената револуција не признава фикус аболиција“, пишува на платното кое напред го носат демонстрантите.

На патот кон Водно испишуваат и шарени пораки како „Бојата е идеја“.

Имаат поддршка и од дел од граѓаните кои не се на улица

„Никој не е над законот! На режимот не може да му се прости за криминалите што се направени! #Протестирам не ја признава аболицијата!Денес ќе го посетиме Ѓорге Иванов за да го потсетиме дека Ќе има правда и ќе има мир!“, велат од Протестирам.