Протестирам пред СЈО, денеска со фокус на диктаторскиот изборен криминал

Веќе четврта недела во Скопје продолжуваат протестите против општата аболицијата на политичари осомничени од СЈО од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Фокусот на денешниот протест е ставен на изборите најавени за 5 јуни, а демонстрантите носта големо платно на кое испишаа „ДИКтаторски изборен криминал“.

Тие околу 18 часот часот почнаа да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство СЈО, за да дадат поддршка на работата на обвинителите, поддршка денеска добија и од поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере.

„Ова покажува дека ваквата ситуација не може да продолжи.Мислам дека прво претседателот мора да ја повлече аболицијата. Второ, изборите треба да бидат фер, бидејќи така ќе означат нов почеток“, рече Фуере.

Освен во Скопје, протестите поради незадоволството од случувањата на политичката сцена во Македонија денеска продолжија и во десетина градови низ земјава.На „Шарената револуција“ за денеска најавија дека ќе и се придружат и земјоделците, при што беше блокиран патот што води кон Бугарија, во кривопаланечкиот регион, а блокади на патиштата за вечерва најавија жители на Облешево.