#Протестирам денеска на улица против извршителското самоволие

Движењето Протестирам и денеска најави нов протест во 18 часот пред СЈО, во знак на револт поради грабежот извршуван од страна на богатите врз сиромашните и извршителското самоволие. Денеска во Скопје ќе се протестира за држава во која сите граѓани ќе можат чесно да работат, заработат и да имаат достоинствен живот.

„Ако транзицијата ја осиромаши Македонија, оваа власт ја дозакопа! Оваа власт ги уништи граѓанските и политичките слободи и правото на слободно изразување, но пред се’ ја уништи шансата на луѓето чесно да си го заработат лебот и да си го живеат животот! Ваков арач наметнат на политички неподнобните немало уште од отоманските времиња! Самоволието на политичкиот и бизнис картел на власт, таа владејачка каста составена од корумпираните и арамиите, го претвори чесниот работен народ во трет сталеж кому му преостанува само улицата!“, се вели во повикот на Протестирам.

Освен во Скопје, денеска ќе се протестира против авторитарното и корумпирано владеење и во: Радовиш, Делчево, Кичево, Валандово, Велес, Прилеп, Струмица, Битола и Гевгелија.