Драматично е вечерва и на улиците и во Собранието, каде се случуваат нови политички превирања. По одлуката на Уставниот суд за запирање на сите изборни дејства и итната седница на Собранието што уследи, власта одигра нов контроверзен потег – ги смени министрите од опозицијата, избрани во согласност со Договорот од Пржино и ги постави старите министри на нивно место – Диме Спасов и Митко Чавков. Опозициските пратеници по ова ја напуштија седницата.
Во меѓувреме, под силно полициско обезбедување, започна нов протест на движењето #Протестирам, чие мото е „Нема да ви помине“. Демонстрантите ќе се задржат пред Собранието, по што ќе се оди и пред Владата. Еве дел од атмосферата на почетокот на протестот: