Протести: Боја за Собрание и Влада, НЕ за криминалот и аболицијата

Честитки за денот на Власите, повторување на Барањата на Протестирам и Шарената револуција и заклучок дека народот е разбуден и сака криминалците да бидат зад решетки беа  пораките испратени од импровизираната бина пред Собрание.

Прв се обрати Мите Митев, од Демократскиот сојуз на Власите, по што следеше говорот на Бојан Маричиќ од МЦЕО, кој говореше за сите барања на Протестирам појаснувајќи зошто треба да биде поништена аболицијата. Замир Мемети пак рече дека Шарената револуција е гласот на разумот и му се обрати на Митко Чавков, старо-новиот министер на МВР.

„Ве плаши ова историско будење на Македонија. Криминалците во затвор“, истакна пред присутните по што беше поздравен со скандирање на паролата „Мафија на робија“, но и барање за нова тура боја врз Собрание.

Демонстрантите и денеска , со рачниот катапулт го обоија Собранието.

Претходно балоните со боја полетаа и кон Владата.

Зборно место и денска беше СЈО, во 18 часот, а маршот продолжи под мотото „НЕ за криминалот!НЕ за аболиција“, како што стоеше на големото платно коое напред го носеа демонстрантите.

Со себе носеа и кукли со ликовите на поранешна министерка Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Сашо Мијалков, ставени во импровизирани затворски келии.