Протест на 17 декември против масовното труење кучиња и мачиња

Револтирани граѓани на 17 декември (недела) од 13 часот најавуваат протест против масовното труење животни кое се случува во главниот град во изминативе денови.

„Најпрво да се напомене дека: членовите и подржувачите на овој настан најстрого ги осудуваат немилите напади од страна на кучиња кои се случија и се случуваат! Тоа не значи дека некој треба да си дозволува да си ја зема правдата во свои раце и да ги труе невините животинки“, стои најавата за протестот, кој засега е предвиден да започне пред Собранието.

Според иницијаторите на протестот, Град Скопје треба да вложи во подобрување на условите и негата во стационарот „Вардариште“, а потоа проблемот со кучињата да биде соодветно решен.

„Мора да престане легалното продавање на отрови и насилството врз животни да биде казниво. Човекот како најителигентно суштество во ланецот на исхрана многупати го докажувал спротивното, еве сега шанса да си го оправдаме поимот ‘луѓе’. Светот не е само на човечката раса“, се вели во најавата за протестот.