Промоција на книгата „Национализмот во(н) контекст“ и антинационалистичка дискусија во Велес

Вечерва (24 октомври), во 18:00 часот, во Домот на невладините организации во Велес, ќе се одржи промоција на книгата „Национализмот во(н) контекст“, по што ќе се одржи дискусија во организација на левичарското движење Солидарност.

Промоција на книгата „Национализмот во(н) контекст“ и антинационалистичка дискусија во Велес

„Нашето општество е отруено од национализам. Расте поделбата, особено помеѓу Македонците и Албанците. Веќе не се познаваме, иако живееме во исти градови, села, иста држава. Во таков контекст, на националистите (и македонски и албански) многу лесно им успева да ја искривуваат историјата и да тврдат дека отсекогаш постоела нетрпеливост помеѓу Албанците и Македонците.

Со оваа своја антинационалистичка историска книга, Левичарското движење „Солидарност“ сака да ги прикаже случаите на соработка помеѓу Македонците и Албанците во периодот од Илинденското востание до Народноослободителната војна. Не сакаме да тврдиме дека помеѓу Македонците и Албанците имало само соработка. Не сакаме да тврдиме ниту дека секоја соработка била заснована на антинационалистички основи. Но сакаме да посочиме и да докажеме дека имало соработка помеѓу Албанците и Македонците и дека националистите (македонски и албански) лажат кога го тврдат спротивното.

И би сакале да нагласиме, додека ние (обичните граѓани од различна националност) се мразиме, тие (елитите од различна националност) се богатат. Мора да го промениме тоа, за да го спречиме нашето понатамошно осиромашување“, велат организаторите.