Промоција на првата генерација учесници на Програмата за одржливо лидерство

Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), денеска ќе ја промовираат првата генерација учесници на Професионалната програма за одржливо лидерство во Македонија.

Програмата е основана со цел создавање конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе ги усовршат своите менаџерски и лидерски вештини потребни за градење одржливи системи и организации во склад со зачувување на животната средина и грижа за природните ресурси.

„Учесниците во програмата ќе ги зајакнат своите капацитети и придонесат кон градење одржливи општества и обезбедување благосостојбата на идните генерации. Составен елемент на оваа промоција ќе биде претставување на сите дисципини кои ќе се изучуваат во рамки на оваа единствена студиска програма. Таа ќе биде имплементирана од страна на домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од институции од Македонија, Словенија, Австрија и Литванија“, соопштија од Економскиот факултет при УКИМ.

Професионалната програма за одржливо лидерство е креирана во рамки на проектот PoSsibLe, финансиран од ЕУ програмата Еразмус+, за градење стратешки партнерства во областа на високо образование.