Промоција на новиот албум на Горан Кан

Вечерва (10 февруари) во клубот Епицентар ќе се одржи промоција на албумот „Од 1 до 9“ на техно артистот Горан Кан. Горан Кан е едно од највпечатливите имиња на домашната електронска сцена.

Албумот е достапен за слободно преземање од ОВДЕ.

Горан Кан веќе има едно албумско издание за PMG Recordings со амбиентална филмска музика.