Промоција на книгата „Гуш и Бац“ #ЈазикотнаЕрато и изложба на илустрации

На 2 декември, ден пред одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Чифте Амам ќе биде промовирана книгата „Гуш и Бац”, заедно со изложба на илустрациите од книгата. Во неа се содржани зборовите на Ерато, девојче со аутизам, кои се преведени на 19 јазици и илустрирани од 33 креативни луѓе.

Целта е подигнување на свеста за аутизмот и интергација на лицата и децата со оваа состојба во општеството. „Вистинско богатство е да се има пријатели кои искрено и со голем ентузијазам учествуваа во креирањето на овој проект. Им благодарам на сите кои ми помогнаа и поддржаа или што би рекла Ерато Бац МаКнигата“, вели Зоран Кардула, уметник и татко на Ерато.

Илустрациите ќе се продаваат, а средствата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на децата со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.

Модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески, а за музиката ќе се погрижи DJ Соња Исмаил Огненоска/