Project based learning – Македонија наспроти Европа

Дали традиционалниот начин на предавање е доволен  да ги спреми студентите за понатамошните предизвици? Дали студентите можат да се вклопат на работното место без претходна пракса и различни проекти во кои се прикажуваат реални проблеми со кои тие може да се сретнат на работа?

Ова се прашањата за расмислување кон панел дискусијата „Project based learning: Македонија наспроти Европа“. Таа ќе се одржи во утре (понеделник, 19 февруари), во  почеток во 12:30 часот во амфитеатарот на ФИНКИ, каде најавени се панелисти – студенти професори и компании.

„Едно од решенијата за подобрување на високото образование во Maкедонија претставува Project Based Learning – учење врз база на проекти, метод на настава во кој учениците стекнуваат знаења и вештини со тоа што работат подолго време на истражување и одговораат на автентично и сложено прашање, проблем или предизвик, во соработка со професори и компании. Но, како сметате дека се одвива учењето преку проекти во нашата земја како метод наспроти Европа и колку сметате дека овој концепт е развиен во нашата земја наспроти Европа?“, стои во најавата за панел дискусијата.

Панел дискусијата е организирана од студентската организација БЕСТ Скопје, а ќе се одржи како еден дел од EBEC Challenge – инженерскиот натпревар. БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација, целосно водена од студенти. Нивна цел е континуирано да придонесуваме за културен и академски развој, како и зближување на студентите од цела Европа.

Доколку некој е заинтересиран да присуствува, да слушне мислења на оваа тема и да го искажете свотето мислење, може да ја пополни оваа ФОРМА.