Прогласени најдобрите новинарски истражувања за корупција – субвенциите и истрагите на СЈО во фокусот

„Владата потроши една милијарда евра на субвенции, а увозот на храна е удвоен“, истражувачката сторија на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“, ја доби првата награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција.

Втората награда ја доби Владо Ѓорчев од новинската агенција „Мета“, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, а Кристина Озимец од „НОВА“ ја доби третата награда за видео сторијата „СЈО трагало по имот на Талевски во Хрватска“.

На конкурсот учествуваа девет истражувачки стории, а проектот беше спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“ (ИДСЦС). Конкурсот е дел од програмата на УСАИД за антикорупција.