Проекција на филмот „North Face“ и дискусија за (не)одговорното планинарење

Дебатно кино Контра кадар од Битола, вечерва во Maлата сала од Домот на културата-Битола најавува проекција на филмот „North Face“ и дискусија за (не)одговорното планинарење.

Филмот „North Face“ ја раскажува приказната од 1936 година, за Ајгер, врвот на швајцарските Алпи, на надморска височина од 3,967 метри. Нацистите, како дел од пропагандата за патриотизам, супериорност и дисциплина, форсираат двајца германски алпинисти да го освојат дотогаш неосвоениот Ајгер. Адреналин, страв, агонија, болка, радост – коктел од состојби, кои се менуваат како планинските услови на патот до Ајгер.

Гостин на проекцијата е Петар Нолев, основач на „Mountain Solutions“, овластен водич со А лиценца и раководител на тимот за спасување на планина од Дирекцијата за заштита и спасување. По филмот ќе следи дискусија за (не)одговорното планинарење, предизвиците и ограничувањата кои ги поставува планината, како да се справиме со нив што е можно побезбедно, каде и како да се обратиме за помош.

Влезот е слободен, а проекцијата почнува во 19 часот.