Проекција на Човекот-делфин во вторник во Кино Култура

Приказната за „Човекот-делфин“, за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање, ќе има и втора проекција во вторник, 12 декември, во Кино Култура, како што посочуваат организаторите поради големиот интерес.

Почетокот на проекцијата е во 20 часот, а билетите се продаваат по цена од 100 денари. Повеќе информации можете да најдете на фејсбук настанот.