Продолжуваат студентските протести во Унгарија поради законот за универзитети

Илјадници студенти во Унгарија маршираа до зградата на парламентот и покрај понудите од владата за компромис, со кој Централно Европскиот Универзитет (ЦЕУ), спонзориран од американскиот финансиер Џорџ Сорос, би продолжил со работа.

Според нив, протестите во центарот на Будимпешта, се насочени против пресметката со слободата на изразување. Демонстрантите се собраа на „Плоштадот на хероите“ и формираа срце со зборот „граѓанско“ во центарот. Со извици „Европа! Европа!“ и „Слободна земја! Слободен универзитет!“ тие подоцна се упатија до парламентот.

Од протестите пред унгарскиот парламент ФОТО: Ројтерс

ЦЕУ се најде во центарот на политичките превирања откако парламентот во Унгарија донесе нов закон минатата недела со кој се наметнаа строги услови за доделување лиценци на странски универзитети.

Критичарите, овој потег го гледаат како намера да се наштети на академските слободи. Унгарскиот секретар за образование, Ласло Палкович, за сактот HVG.hu изјавил дека ЦЕУ ќе може да продолжи со работа доколку го продолжи со предавањата и издавање дипломи преку постоечкото унгарско сестринско училиште.

ФОТО: Ројтерс

„Никогаш немавме намера да го затвориме ЦЕУ. Прашањето е дали ЦЕУ сака лиценца во Унгарија или сака да држи предавања во Унгарија со ЦЕУ дипломи. Лиценцата кои тие ја имаат, не значи многу“, изјавил Палкович, пренесува Ројтерс.

//