Продолжена забраната за работа на Југохром за 90 дена, синдикатот денес ќе го блокира патот Тетово-Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање, односно Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, денес, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.

Одлуката, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што е констатирано дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.

Поради ова, вработените од фабриката „Југохром“ за денеска од 11 до 13 часот најавија блокада на автопатот Тетово-Скопје кај наплатната рампа во Желино.

На 2 ноември, комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.

Од еколошката организација Еко герила, пак, велат дека Тетово без Југохром стигна на 10-то место по загадување во Македонија, наместо да го зазема првото место на светските листи.

„И во текот на јануари 2017 година Тетово важи за еден од најмалку загадените градови во Македонија во однос на периодот кога работел Југохром и кога Тетово беше речиси редовно на прво место во Македонија, туку и во листата на најзагадени места во светот. Анализата објавена неодамна од страна на Институтот за Јавно Здравје покажува дека загадувањето на воздухот предизвикува најголем број на жртви. Но и еден единствен живот да биде изгаснат како резултат на загадувањето, тоа е неприфатливо за нас“, стои во соопштението на организацијата.