„Признавам“ – проект за ослободување на сите тајни

„Признавам“ е проект кој овозможува анонимно да се споделат најголемите тајни за љубовта, фамилијата, среќата, стравовите, сексот, односите со другите, конфузијата на животот и сите моменти на каење.

„Признавам“ - проект за ослободување на сите тајни

– Од 23.04 до 30.04.14 во Concept 37 – дојдете и ослободете се од вашите тајни!

– Постојат работи во животот кои немаме храброст да ги кажеме на глас, се плашиме да ги признаеме и ги носиме со себе, во себе. Но, што ако можеме да ги запишеме во потполна дискреција? Што ако почнеме да креираме места каде што е безбедно да се споделува и признава додека пробуваме да ја пронајдеме смислата на животот.

– Да бидеме дел од групата која креира сигурни места во кои сите наши признанија се испишани и ослободени од осудување, се вели во најавата за настанот.

Проектот е иницијатива на Сандра Камилоска, Андреа Хајди, Кристина Керкез, Мики Стефаноски и Дејан Спиркоски, кои го реализираа проектот “Before I Die” во склоп на кампањата “Слободен си Изрази се! ”

Проектот е инспириран од младата американска уметница Кенди Ченг и нејзиниот проект “Confessions” .