Привремена автономна зона

Идејата за емисијата Привремена Автономна Зона е првенствено да го предизвика умот на секоја индивидуа, да покаже зошто сè што не е модерно и истраено е всушност битно. ПАЗ не сака да го промени светот, ПАЗ сака луѓето да размислат и самите да си го променат својот свет. ПАЗ не е школо или установа. ПАЗ е место на убиството на колективното его. Оваа емисија не поставува прашања. Оваа емисија дискутира околу идеи кои го предизвикуваат губењето на човекот и неговиот карактер низ времето. Луѓето кои имаат да кажат збор два за ова што го обработуваме се секогаш добродојдени.

Привремена Автономна Зона е наслов на книга која го ослободува човекот во општеството (па затоа и насловот на емисијата) и ја поттикнува слободната воља преку призмата на творецот на модерниот анархизам – Хаким Беј.