Приведени активистите на Шарена револуција Павле Богоевски и Симона Спировска

По вечерашниот протест на Шарена револуција, кој заврши пред Собрание, беа приведени активистите Симона Спировска и Павле Богоевски. Веста за нивното приведување брзо се рашири на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер.

Активистите во моментов се наоѓаат во полициската станица Беко, а дел од демонстрантите на социјалните мрежи повикуваат да им се даде поддршка на приведените пред полициската станица.

Според информациите до кои дојде Радио МОФ, тие најверојатно се приведени поради прекршок на јавна чистота и ќе бидат пуштени набрзо.

Ова за Богоевски е веќе второ приведување, кој пред само неколку дена беше уапсен и однесен во полициската станица „Пролет“, но кратко потоа беше пуштен со прекршочна пријава.